Амбасадорката на Обединетото Кралство во РСМ Рејчел Галовеј во посета на Општина Неготино PDF Печати

Денес во работна посета на општина  Неготино беше  амбасадорката на Обединетото Кралство во РСМ нејзината екселенција Рејчел Галовеј. Најпрво градоначалникот Тони Делков ја запозна амбасадорката Галовеј со работата на општината, со реализацијата на бројните проекти кои се спроведуваат во повеќе области на општественото живеење.
Средбата беше искористена да се посетат и да претстават неколку значајни места во општина Неготино. Заеднички градоначалникот Делков го посетија „ Музејот на олд тајмери “ на Дионис Пашлаков каде од страна на неговата фамилија беше раскажана приказната за Дионис и неговите стари автомобили како и документарниот филм кој беше снимен за неговата пасија.