Амбасадорката на Обединетото Кралство во РСМ Рејчел Галовеј во посета на Општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Денес во работна посета на општина  Неготино беше  амбасадорката на Обединетото Кралство во РСМ нејзината екселенција Рејчел Галовеј. Најпрво градоначалникот Тони Делков ја запозна амбасадорката Галовеј со работата на општината, со реализацијата на бројните проекти кои се спроведуваат во повеќе области на општественото живеење.
Средбата беше искористена да се посетат и да претстават неколку значајни места во општина Неготино. Заеднички градоначалникот Делков го посетија „ Музејот на олд тајмери “ на Дионис Пашлаков каде од страна на неговата фамилија беше раскажана приказната за Дионис и неговите стари автомобили како и документарниот филм кој беше снимен за неговата пасија.