Започнаа активности за реконструкција и асвалтирање на ул„Антигона“ и „Едвард Кардељ“ PDF Печати

   Станува збор за изведување на градежни активности со кои ќе бидат реконструирани и асвалтирани 4 краци на ул„Антигона“ во вкупна должина од 1.155 метри и 430 метри од улицата „Едвард Кардељ“ со комплетна реконструкција на коловозот и тротоарите од двете страни на овие улици. Заради непречено одвивање на работите на терен, се замолуваат граѓаните кои живеат на споменатите улици да ги тргнат сопствените паркирани  возила и за цело време на изведувањето на активностите за паркирање да ги користат околните улици и паркинг-места, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и по можност да им излегуваат во пресрет на изведувачите на работите. Изведувач на работите е фирмата Еуроинг ДОО-Гевгелија, а надзорот го врши ГЕИНГ КРЕБС УНД КИФЕР ИНТЕРНЕШНЕЛ-Скопје.