Едукативна изложба во чест на Коста Солев Рацин PDF Print
There are no translations available.

  По повод 18 Maj- Меѓународен ден на музеите во услови на пандемија и со почитување на  протоколите за одржување настани, се одржа настанот “50 години РАЦИНОВИ СРЕДБИ“-едукативна изложба посветена во чест на КОСТА СОЛЕВ РАЦИН, великанот и основоположник на современата македонска поезија и литература. Изложба посветена на меѓународната поетска манифестација “50 години Рацинови средби“ која во Велес се одржува од 1964 година околу 13 јуни на денот на загинувањето на Кочо Рацин. Изложбата содржи 23 паноа преку кои е претставена целокупната активност на манифестацијата од 1964-2012 година. Со години наназад оваа манифестација ја постигнува целта за подобро запознавање на писателите и љубителите на пишаниот збор и култура на многу земји. На Рациновите средби во изминатите педесет години гостувале, а потоа ја презентирале македонската литература и култура во своите земји писатели од Грција, Украина, Русија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Бугарија и други земји...
Своето исцрпни излагање го презентираше директорот на ЛУ Народен Музеј Велес, Марин Клифов, воедно и кустос-советник историчар. Изложбата беше збогатена со збирка книги од локалната библиотека од Велес во присуство на директорката Гордана Васковска од Велес..