Во Куманово изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија Неготино 2020г. PDF Print
There are no translations available.

   Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово беше отворена изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија „Неготино 2020“. На изложбата се претставени околу триесетина слики од авторите учесници на Колонијата, а посетителите ќе имаат можност да се запознаат и со повеќе детали и од печатениот каталог што е дистрибуиран. Меѓународната ликовна колонија „Неготино“ во изминатите две години се одржува во последната недела од јуни, во манастирскиот комплекс „Св. Ѓорѓи“ во Неготино. Проектот е поддржан од Министерството за култура и од Општина Неготино, а е во организација на општинската установа Музеј на град Неготино.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 26 мај.
Целта на ликовната колонија е поттикнување на уметничката продуктивност, создавање на нови ликовни дела, поврзување на уметниците од овој регион, збогатувањето на културната понуда, афирмирањето на современата уметност, како и зголемувањето на колекцијата на уметничките дела во збирката на Музеј на град Неготино. Запознавањето на ликовните уметници со регионот во неготинско поднебје, познато по винарскиот крај, со посета на винарии и запознавање со културното наследство, се важни содржини на оваа ликовна колонија“,- истакна Чекоровска, која се заблагодари на поддршката од Центарот за култура да се презентираат во Куманово
Преку оваа изложба граѓаните на Куманово ќе имаат можност да ги запознаат спецификите и карактеристиките на неготинското поднебје, бидејќи авторите преку делата го претставуваат неготинскиот локален идентитет.