Одбележан патрониот празник на детската градинка Фемо Кулаков PDF Print
There are no translations available.

  Денеска во име на општина Неготино и во мое лично име положив свежо цвеќе на спомен-бистата на Фемо Кулаков, патронот на детската градинка во Неготино, а во рамките на одбележувањето на патрониот празник на неготинската детска градинка . Свежо цвеќе положија и повеќе други претставници, меѓу кои директорката на установата Јана Коцева, претседателот на Советот на општината Диме Витанов, секретарот на општината Ивица Златковиќ, членови на Управниот одбор на градинката и други присутни на прославата која се одржа со строго почитување на здравствените протоколи. По повод патронатот дечиња од неготинската градинка изведоа пригодна програма.