ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН ! PDF Печати
Почитувани граѓани, православни христијани, ми претставува особена чест и задоволство од мое име и од име на општина Неготино да Ви го честитам големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден. Ви упатувам искрени желби за добро здравје, љубов, благосостојба во домот и спокој во душата. Радоста на Христовото воскресение посакувам на сите христијански верници да им донесе мир и меѓусебно разбирање со порака дека силата е во слогата и разбирањето. Нека е за многу години големиот празник. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ !