Честит 1 Мај-Меѓународен ден на трудот PDF Печати
Почитувани !
На сите работници  од општина Неготино и на  работниците во државава им го честитам 1 мај- Меѓународниот ден на трудот
Меѓународен ден на трудот  е  празник кој е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците, односно на сите кои со својот труд, ангажман, лична заложба и сила обезбедуваат егзистенција за себе и за своите семејства.
Ви посакувам празникот да го поминете во пријатно расположение, во кругот на најблиските и со почитување на пропишаните здравствени протоколи.