Во текот на вчерашниот ден започната е реконструкција на дел од улиците Станко Франц Пипан и 4 Јули со должина од околу 200 метри PDF Печати

Со реконструкцијата се предвидува замена со стариот слој на асфалт со нов, замена на старите рабници со нови, замена на подлогата, како и реконструкција на шахти и сливници на истите улици. Исто така оваа реконструкција вклучува и изградба на споредна улица која ќе се служи како економски влез до новоизградената градинка. Градежните активности се очекува да бидат завршени за 20 дена.