Честит 8-ми Април – Меѓународен ден на Ромите PDF Печати

   Од мое лично име и од име на општина Неготино ми претставува задоволство да ја упатам мојата честитка по повод 8-ми Април – Меѓународниот ден на Ромите кој ги претставува почетоците на ромското движење од 1971 година кога на Првиот светски конгрес е потврдено дека Ромите имаат свое знаме, химна, јазик и култура. На припадниците на ромската заедница од општина Неготино им упатувам искрени честитки по повод денешниот празник со уверување дека како локална самоуправа ќе продолжиме со реализирање на зацртаните определби за зајакнување на социјалната и економската вклученост на Ромите во сите општествени текови, како и недискриминација и заштита на човековите права на Ромите. Ова од причина што заедничката битка за унапредување на правата на Ромите е од заеднички интерес.