Градоначалникот Делков на средба со претставници на Независниот синдикат на пожарникарите PDF Print
There are no translations available.

   Денеска, на нивно барање, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков  оствари работна средба со претставниците на Независниот синдикат на пожарникарите на Република Северна Македонија. На истата приротетно прашање за кое разговараа градоначалникот Делков и синдикалните претставници  беше усогласувањето на финансиските примања на пожарникарите согласно последните законски измени. Покрај тоа, претставниците на синдикатот  од страна на градоначалникот Делков беа запознати со функционирањето на Територијалната противпожарна единица-Неготино, одличната координација и соработка со локалната самоуправа, како и за напорите што општина Неготинио ги прави за подобрување на условите за работа на неготинските пожарникари.