Започна изградбата на патот Г. Дисан-Вешје во должина од 787 метри PDF Print
There are no translations available.

    Работници на градежното претпријатие Градба промет започнаа со изведување на градежните работи за изградба на патниот правец Горни Дисан-Вешје во должина од 787 метри и ширина на коловозот од 5,5 метри. Вредноста на проектот изнесува 22.421.888 денари, а се очекува работите на патот да завршат во рок од 60 до 90 денови. Надзорот на работата го врши фирмата МГ ПРОЕКТ дооел согласно годишниот договор за вршење надзор при изведба на инвестициони објекти и други градежни активности.