Со нови 350 садници се уредуваат и пополнуваат јавни површини во Неготино PDF Печати
   Согласно годишната програма за комунални дејности на општина Неготино во овој период се врши уредување и пополнување на неколку постоечки јавни површини во градот со засадување на околу 350 нови садници.  Како што информираат стручните служби, нови садници се садат на просторот кај Спомен-костурницата, во населбата Саат-кула, пред зградата на општина Неготино веднаш до жардинериите и паркот лоциран на Тимјанички пат. Станува збор за засадување на 350 садници од кои 150 се декоративни зимзелени дрвја и листопадни ( јасен, јавор, липа, див костен, бреза и други) и околу 200 нискостеблести зизмзелени садници. Набавката на садниците ја изврши општина Неготино со сопствени средства во висина од 300.000 денари, а подготовката на теренот и садењето на садниците го вршат работници на ЈП„Комуналец“.