Се асфалтира улица во Криволак во должина од 250 метри PDF Print
There are no translations available.

   Со средства во висина од 2.700.000 денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино во тек се активности за асфалтирање на улица во Криволак во должина од 250 метри. Станува збор за улица која го поврзува центарот на селото со подрачното училиште во кое настава следат 107 ученици, а градинка посетуваат околу 30 дечиња. Изведувач на работите е Градба промет, а надзорот и е доверен на фирмата МГ Проект дооел Скопје. Со комплетното уредување на улицата ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот во село Криволак.