Неготино енергетско ефикасна општина PDF Печати

Со цел за подобрување на енергетската ефикасност, Општина Неготино изминатите години спроведе бројни активности за подобрување на енергетската ефикасност во општината како и објектите кои делуваат во рамките на истата. Од огромна важност е и зголемувањето на свеста кај граѓаните за значењето на енергетска ефикасност и рационално користење на енергијата во општината.

Согласно Законот за енергетика, Општина Неготино имаше обврска за изготвување на сопствена локална програма за енергетска ефикасност.
Изработката на програмата е дел од придонесот кон „ Енергетски ефикасна
локална самоуправа“ кој има за цел да ја подигне свеста за енергетска
ефикасност кај локалната самоуправа, кај вработените во институциите
основани од општината, корисниците на тие институции, како и кај граѓаните на
општина Неготино. Со ова општина Неготино континуирано дава свој допринос и поддршка во напорите за намалување на енергетската интензивност во јавните објекти на локално ниво.



За таа цел спроведени се следните активности:

1. Во општинската зграда се изврши замена на постоечките прозорци и врати со енергетски ефикасни. Постоечкото осветлување се замени со ЛЕД светилки. Беше извршено поставување на внатрешна изолација на фасадните sидови, а се заменија и постоечките радијатори со нови.

2.На територијата на град Неготино вклучително и дел од населените места се изврши замена на класичните светилки од уличното осветлување со штедливи лед светилки. Вкупно беа заменети 1410 од кои 814 во град Неготино, а 596 во населените места: Пепелиште, Криволак, Војшанци, Дуброво, Тремник,Тимјаник
и Долни Дисан. Се поставуваат и нови 11 лед штедливи светилки на дел од улица „ Коста Волкановски “ и дел од улица „ Владо Арсов Шпанац“ .Поставено е и улично осветлување со лед штедливи светилки на 8 метарски метални столбови на потегот од ул„Киро Крстев“ до ул„Ацо Аџи Илов“ и ул „ Калдрма“.
Извршена е и дислокација на мерни броила и автоматика од трафостаници на ЕВН надвор во стандардизирани ормари.
3.Во централното општинско училиште „ Гоце Делчев “ Неготино комплетно е извршена промена на внатрешното осветлување. Старите и дотраени светилки се заменети со нови лед штедливи светилки.Извршено е и подобрување на термо енергетските карактеристики на дел од зградата со поставување на изолација на таван.
 Во ПУ „Гоце Делчев “ во с. Долни Дисан поставена е термоенергетска фасада, направена е замена на старите дрвени прозорци со нови, а поставен е и систем за централно греење на училиштето.

4. Во ООУ „ Страшо Пинџур “ извршена е замена на постоечките светилки со штедливи, извршена е активност за спуштени тавани во 8 училници за загревање на помал волумен на воздух.
Во ПУ „ Страшо Пинџур “ с. Пепелиште направена е промена на топловоден котел, а во ПУ во Војшанци извршена е промена на класичното осветлување со ЛЕД светилки.

5. Во ЈОУДГ „ Фемо Кулаков “ извршена е замена на надворешно осветлување со ЛЕД светилки.

6. За прв пат после 25 години од започнувањето со работа на училиштето се создадоа услови за промоција на СОУ„ Св. Кирил и Методиј“ како енергетски ефикасно училиште. Во истото се изврши замена на постоечките прозорци со енергетски ефикасни. Се поставија панели - соларни колектори. Извршена е  инсталација на цевки со автоматизација со што се  придонесе значително подобрување на условите за непречено одвивање и следење на воспитно-образовниот процес.


7.Во рамки на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година на Музејот на град Неготино му беа доделени два нови касетни клима уреди со номинален капацитет за ладење од 16,12 kw и номинален капацитет за греење од 18,17 kw. Со инсталирање на истите ќе се создадат неопходните услови за непречено одвивање на активностите во секое време од годината во оваа установа.

Општина Неготино и во тековниот период ќе продолжи со реализација на бројни проекти за подобрување на енергетската ефикасност.