Санирани тротоарите на улица „ Пекарев “ и паркот на улица „ Ставре Ставров “ во Неготино PDF Print
There are no translations available.

Комплетно заврши санацијата на тротоарите на улица „ Пекарев “. Со истата беше извршена замена на оштетената подлога со тампонски слој. Се прередија бекатон коцките и рабниците од тротоарите, а се изврши и замена на сите оштетени елементи.
Комлетно завршена е и санацијата на паркот на улица „ Ставре Ставров “ со што се направи замена на оштетената подлога и елементи на патеките како и подлогата наменета за детски реквизити. Изведувач на градежните активности беше фирмата „ Павер Трејд ДООЕЛ “ Кавадарци, а надзор фирмата „ МГ Проект ДООЕЛ “ Скопје.
Средствата за овие санации се обезбедени од Буџетот на Општина Неготино