Се одржа е-презентација на тема „Производство на вина во домашни услови“ PDF Печати

   Во рамките на одбележувањето на традиционалната манифестација„Недела на виното“ по повод празникот „Свети Трифун 2021“ општина Неготино реализираше е-предавање на тема „Производство на вина во домашни услови“. Согласно мерките и препораките за заштита од корона вирусот предавањето се одржа преку зум-платформа, а предавач беше м-р Игно Тасев. Во воведните напомени Тасев истакна дека од година во година интересот за производство на вина во домашни услови е се поголем, а со тоа се зголемува и потребата од стручни и релевантни информации за индивидуалните производители..Во делот на производството на вина во домашни услови, м-р Игно Тасев во своето обраќање говореше за разликите меѓу белите и црвените вина, текот на производство на виното, кои се најсоодветни садови и адекватен простор за негово производство, третманот на ширата пред ферментација, оксидацијата на виното, ензимите во производството на бели, црвени и розе вина, а презентираше и други информации кои можат да им бидат од помош и корист на индивидуалните производители при производството на вина во домашни услови.