Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностПознати најдобрите индивидуални производители на вина и ракии |
![]() |
![]() |
There are no translations available. По извршената дегустација на пристигнатите мостри од страна на комисијата составена од енолози, официјално се објавени резултатите и познати се најдобрите индивидуални производители на вина и ракии на годинашниот натпревар по повод „Св.Трифун“. Така, во категоријата бели вина трето место освои виното „куве“ на Тоше Николов, второ место „жупјанка“ на Гоце Станоески и прво место освои виното „шардоне“ на Гоце Попов. Во категоријата црвени вина третото место му припадна на Горан Јаковлески за виното „станушина“, второто место го освои „ каберне франк“ на Ивица Златковиќ и прво место „вранецот“ на Влатко Цветановски. Во категоријата ракии, третото место му припадна на производителот Кирил Андов, второ Бранко Вељанов, а првото место го освои ракијата на Горан Јаковлески. Нјадобра овошна ракија има произведено Лилјана Луканова, а најдобра мастика Никола Манчев. Nedela na vino 2021 Beli vina.doc |