Во ООУ„Гоце Делчев“ се гради игралиште за ученици со попреченост кои следат настава PDF Print
There are no translations available.

   Во Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ во нашиот град во тек е реализација на проект со кој ќе се овозможи подобрување на физичката пристапност до и во училиштето и на условите за следење на наставата за учениците со попреченост кои се вклучени во воспитно-образовниот процес. Увид во работите извршија секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ и директорот на оваа образовна установа Петар Мантев кои информираа дека поставувањето на пристапното игралиште со адаптирана опрема за рекреација и рехабилитација во училишниот двор се смета дека е од голема важност за градење на инклузивните образовни средини. Директорот Мантев истакна дека проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен и ИНклудиран“ е финансиран со средства од Европската унија, а истиот го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со МОН и БРО.