Музеј на град Неготино доби нови клима уреди во рамки на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година PDF Print
There are no translations available.

 Во рамки на Јавниот повик за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година – опрема, Музејот на град Неготино од страна на Владата на РСМ доби два нови клима уреди со номинален капацитет за ладење од 16,12 kw и номинален капацитет за греење од 18,17 kw.
Овие уреди се препорачуваат како решение за климатизација на големи деловни и станбени простории, притоа овозможувајќи многу погодно ладење и греење и заштита на животната средина според стандардите на ЕУ.
Со инсталирањето на климите, покрај заштеда на електрична енергија и заштита на животната средина, ќе се создадат услови за непречен престој и одвивање на активности и настани во просториите на Музејот.
Климите се со капацитет за затоплување на простор од 200 метри квадратни и истите се планира да се инсталираат во неготинскиот Музеј каде се сместени археолошката и историската постојана поставка на вториот спрат на објектот, со што ќе се создадат неопходните услови за непречено одвивање на активностите во секое време од годината.