ООУ„Страшо Пинџур“ отвори сензорна соба за поддршка на учениците со попреченост PDF Print
There are no translations available.

  Според Законот за основно образование, во училиште каде што има посебни паралелки, се формира центар за поддршка на учењето на учениците со попреченост. За таа цел, во ООУ„Страшо Пинџур“ во тек е отворање и опремување на сензорна соба која ќе се намени за соодветна поддршка на учениците со попреченост и која ќе биде опремена со материјали, средства и помагала од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. Исто така, покрај сензорната соба, учениците со попреченост добиваат и адаптирани санитарни јазли прилагодени на нивните потреби. Сензорната соба е лоцирана во приземниот дел на училиштето во Неготино со цел за полесен пристап за сите ученици со попреченост до истата. Директорот на училиштето Сашо Ѓорѓиев потенцира дека со отворањето на сензорната соба и професионалноста што наставниците ја поседуваат за работа со оваа катергорија ученици, ќе дојде до значително подобрување на нивната инклузивност во реализацијата на редовниот образовен процес.