Потпишан договор за изградба на нова улица во Криволак во должина од 260 метри PDF Print
There are no translations available.

   Со склучувањето на договор со градежната фирма „Градба-промет“ создадени се неопходните услови за реализација на уште еден проект од витално значење за жителите на неготинското село Криволак. Имено, ќе се изведуваат градежни активности за изградба на нова улица во Криволак која ќе го поврзе центарот на селото со подрачното училиште во кое настава посетуваат 107 ученици, додека во градинката престојуваат околу 30 дечиња, со што пак ќе се зголеми нивната и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Предвидено е реализацијата на проектот да заврши во наредните 3 месеци и веќе до крајот на април жителите на Криволак да добијат нова улица. Средствата за изградбата на новата улица се во висина од 2.700.000 денари и се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.