Градоначалникот Делков во посета на службите кои се грижат за здравјето и безбедноста на граѓаните PDF Print
There are no translations available.

   Додека најголем дел од граѓаните на општина Неготино вечерва во домовите и во семејна атмосфера ја испраќаат 2020 и ја дочекуваат Новата 2021 година, поради специфичноста на  работните задачи дел од граѓаните се наоѓаат на своите работни места и посветено ги извршуваат своите работни обврски. Како и секоја, така и оваа година во пресрет на доаѓањето на Новата година, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков беше во посета на службите кои во новогодишната ноќ се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните на општина Неготино. Тој престојуваше во Одделението за внатрешни работи Неготино и имаше  средба со 15-те припадници на полицијата кои ноќва се грижат за безбедноста на граѓаните, ги посети 6-те дежурните здравствени работници во Итната помош при Здравствениот дом во нашиот град, како и обезбедувањето на зградата на општина Неготино. Градоначалникот Делков на сите им посака оваа вечер да имаат што е можно помалку работни ангажмани, новогодишната ноќ да ја поминат во мирна и релаксирана атмосфера, им ја честиташе Новата година со желби за се најдобро и од име на општина Неготино на сите им врачи пригодни подароци.