Новогодишна честитка од градоначалникот на општина Неготино Тони Делков PDF Print
There are no translations available.

Почитувани сограѓани, ценети пријатели

Празниците се момент за нова надеж и нова верба дека ни претстои подобра и поуспешна година за сите нас и момент кога си посакуваме многу здравје, радост и среќа во годината што доаѓа.

Ја испративме 2020-та година која беше специфична по многу нешта и во која нашето живеење и функционирање беше променето од корен поради присутната пандемија од Ковид 19. Токму затоа, посакувам во Новата 2021 година да им се радуваме на малите нешта што ја чинат големината на животот и да им го посветиме целото наше внимание,  љубов и почит на нашите семејства, на нашите деца, на нашите пријатели.

Јас како градоначалник на општина Неготино од мое лично име и од иметото на локалната самоуправа Ви посакувам пријатно и ведро расположение за време на престојните празници со препорака за строго почитување на пропишаните протоколи и мерки. Овие празнични моменти нека бидат исполнети со најдобри желби за здравје, спокој, оптимизам и разбирање.

Среќни Новогодишни  празници, драги мои сограѓани.