Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностДо април спортската сала Младост целосно ќе биде ставена во функција |
Со средства во висина од 6.000.000 денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино комплетно ќе се реконструира внатрешноста на спортската сала Младост во нашиот град и се очекува до април, наредната година, салата целосно да биде ставена во функција на користење од спортистите, спортските клубови и рекреативците. За таа цел, денеска градоначалникот на општина Неготино Тони Делков со претставникот на фирмата-изведувач на работите „Нетинвест груп“ го потпишаа договорот за реализација на овој проект со кој ќе се изврши замена на тоалетите, столаријата и се останато во внатрешноста на спортската сала Младост со што истата ќе добие сосема нов лик и како во старите добри времиња ќе им биде ставена на располагање на сите заинтересирани.
|