Општина Неготино донираше 100.000 денари за Ковид дневното одделение во ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Поради состојбата со пандемијата од Корона вирусот во државата , Општина Неготино годинава одлучи дел од средствата кои беа предвидени за украсување на општината по повод Новогодишните празници, да ги донира за Ковид одделението во ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино. Oваа одлука едногласно ја донесе и Советот на општината на својата петнаесетта вонредна седница, со што општина Неготино ќе донира 100.000 денари за потребите на Ковид дневното одделение во ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино. Имено, Општина Неготино годинава ќе направи скромно украсување на градот со материјалите кои ги има набавено од претходните години, со што ќе придонесе барем малку позитивно да се чувствуваат граѓаните во текот на Новогодишните празници .