Хортикултурно уредена дворната површина на ЈЗУ „ Здравствен Дом “ Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во рамки на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година која се реализираше преку Генералниот секретаријат на Владата, Општина Неготино доби 495.000 денари за реализација на проект. Имено, со овие средства хортикултурно се уреди и реконструира  дворна површина во ЈЗУ „ Здравствен Дом “ Неготино. Посадени се 265 листопадни, зимзелеми дрвца како и грмушки од различни видови, а инсталиран е и систем за наводнување на истите.