Со сопствени средства Здравствен дом Неготино обезбеди ново санитетско возило PDF Print
There are no translations available.

   Од Здравствениот дом Неготино информираат дека и натаму продолжуваат со максимална одговорност, опременост и ангажирање на целокупниот здравствен персонал да излегуваат во пресрет на потребите на населението од општините Неготино и Демир Капија.
-За таа цел, заради дотраеност на постоечките, а зголемена потреба од санитетски возила, успеавме со сопствени средства да извршиме набавка на ново санитетско возило кое веднаш се става на потребите на населението. И покрај зголемениот број Ковид-позитивни во нашата општина, ние успеваме да се носиме во секој поглед со огромниот предизвик-потенцираат од неготинскиот Здравствен дом апелирајќи до населението за почитување на превентивните заштитни мерки.