Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностВо неготинскиот Музеј поставена изложба на слики од уметници од Неготино и Кавадарци |
Деновиве во изложбениот салон на општинската установа Музеј на град Неготино поставена е ликовна изложба со дела изработени во рамките на ликовната колонија Неготино – 2020 година. Како што информира директорката на Музејот Драгица Чекоровска, на изложбата се поставени вкупно 32 дела создадени од ликовни уметници од регионот на Неготино и Кавадарци. Заради присутната пандемија од Ковид 19, оваа година ликовните уметници кои учествуваа на колонијата сопствените дела ги твореа во домашни услови.
|