С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
   Ги известуваме граѓаните и НВО секторот, дека во тек се подготовки на предлог – програмите за работа на општина Неготино за 2021 година.
Поради пандемијата од Корона вирусот во земјава ,а со цел за зачувување на јавното и колективно здравје на граѓаните, оваа година , Општина Неготино нема да организира јавни средби со граѓаните, претставници на месните заедници и НВО секторот пред донесувањето на Буџетот на општината.
Затоа, Ве повикуваме сите заинтересирани да дадете свој предлог, идеја или препорака за реализација кои сметате дека се приоритет во вашето место на живеење за истиот да се реализира во тековната 2021 година.
Вашите идеи, препораки и предлози може да ги доставите по електронски пат со пополнување на анкетниот прашалник на следниот линк:https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfZgJoHPZEYfZVuGjWCfbGgIiFFLB4CE2Hu-PJOAHd4JRDZ-A/viewform?fbclid=IwAR1fo3cAvgSb0RwhuZ5zjH6r4yi0-1POLvEAjfcIXiux23XD51Ho24k9Mvk
или на емаил : Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 16.11.2020 (понеделник) година и да дадете свој придонес во донесуваањето на одлуките на локално ниво.
Предлог – програмите за работа на општина Неготино за 2021 година ќе бидат дадени за усвојување на Советот на Општина Неготино.