Во неготинскиот Музеј концерт на Бранко Павловски и Ема Попивода PDF Print
There are no translations available.

   Деновиве  во изложбениот салон на Музеј на град Неготино се одржа концертна вечер од македонски композитори во изведба на Бранко Павловски-кларинет и Ема Попивода-пијано. Според програмата беа изведени композиции од Сотир Голабовски, Томислав Зографски, Гоце Гавриловски, Вања Николовски-Ѓумар и Љубомир Бранѓолица. Бранко Павловски има настапувано на повеќе фестивали во земјата и странство како што се: ЛСУ Фестивалот за современа музика во Батон Руж, MusiPoeSci во Париз, Интернационалниот музички фестивал во Дартингтон, Интервокс, Охридско Лето, Скопксо лето, Златна Лира, МодоАрс, Манифестацијата по повод денот на словенските просветители “Кирил и Методиј“ во Рима и дер. Во моментов е вонреден професор на Факултетот за музички уметности на УГД во Штип.  Ема Попивода е е основач и уметнички селектор на Фестивалот за современа музика МодоАрс, во чии рамки настапувале врвни уметници од целиот свет. Ема е добитник на бројни награди и признанија во својата зенја и на интернационални натпревари. Ема Попивода настапува во САД, Англија, Белгија, Франција, Унгарија, Словачка, Австрија, Грција, Бугарија, Јапонија, Црна Гора. Таа е член на светската лидерска мрежа “Global bridges“, каде е претставник на својата земја. Попивода работи како професор по пијано на Музичката академија при УГД во Штип. Концертот беше изведен според протоколот за заштита од КОВИД-19, ограничен број на посетители, држење дистанца од 1,5 метар помеѓу присутните и носење заштитни маски.