Поставени нови и замена на старите улични светилки во град Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со средства обезбедени од Буџетот на Општина Неготино, изминатиот период се изврши поставување на 24 нови лед светилки на улица „ Партизанска “ поточно на потегот од ООУ „ Страшо Пинџур “ до спојот со улица „ Маршал Тито “ кај полициската станица во Неготино.
Со оваа работа се заменија сите светилки на 6 метарски дрвени и 10 метарски метални столбови во градот. Во меѓувреме се работеше и на замена на старите класични со нови лед светилки на каделабрите ( 4 метарски метални столбови ) на градскиот плоштад, старата градска чаршија и на градскиот кеј до СРЦ „ Младост “.
Заменети се старите со нови лед светилки на улиците: „ Петар Демирски “, „ Вида Џекова “, „ Ленинова “, „ Дојранска “, „Никола Карев “, „ Климентова “, „ Пелистерска “ и дел од улица Душан Преграц .
Со промената на сите улични светилки со нови лед штедливи драстично е намалена потрошувачката на електрична енергија за уличното осветлување во цела општина.