Од 1 до 30 октомври на АП „ Криволак “ ќе се изведуваат вежбовни боеви активности PDF Печати
  Поради безбедносно извршување на планирани гаѓања, Командата на гарнизон Криволак го известува месното население од општините кои гравитираат околу АП „ Криволак “ ,  дека во периодот од 01.10.2020 до 30.10.2020 година , во реоните Брест, Кршковица, Мушанци, Голема Страна, Кашаи Тубре, Бел Камен, Козарник, Џидимирци, Читаклија, Кукулци, Кара Оџали, Хаџи Хамзали, Кавлик, Алајка, Кур Тепе, Штраклево и Енешево ќе се извршуваат вежбовни и боеви активности.
Во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока како и оставање на моторни возила во наведените реони. Исто така, се забранува било какво земање или допирање на неексплодирани  проектили или средства, кои можат да бидат опасни по живот, а доколу се пронајдат такви средства истите да се обележат и да се известат надлежните органи од Командата на АП „ Криволак “ или СВР Штип, ПС од ОН Неготино – ПС од ОН Кавадарци и ПС Градско.
Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно обележани согласно Законските прописи на Армијата како и обезбедени со физичко обезбедување.