Донирани маски и средства за дезинфекција за општина Неготино од Европската команда на силите на САД и Aмбасадата на САД PDF Печати
  Денес на градскиот плоштад во Неготино, волонтерите на ОО Црвен Крст Неготино во соработка со Армијата на Република Северна Македонија , делеа маски и заштитни средства за дезинфекција за граѓаните на општина Неготино.
Маски и заштитни средства ќе бидат донирани и во селата Криволак и Пепелиште. Во текот на вчерашниот ден беше донирана облека на ОО Црвен Крст Неготино , наменска донација за децата од одделот за организирано живеење на деца со посебни потреби и донација на 500 заштитини маски и дезинфекциони средства за заштита од Ковид 19 во Здраствениот Дом Неготино.
 Овие средства беа донирани од Европската команда на вооружените Сили и Амбасадата на САД во рамки на заедничкиот проект од Цивилно воената соработка со припадниците од вториот пешадиски баталјон на Армијата на РСМ.