Спроведена еколошка акција на СРЦ „ Младост “ Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Припадници на Армијата на Република Северна Македонија заедно со припадници на Американската армија денес на СРЦ „ Младост “ Неготино спроведоа еколошка акција.
Оваа активност е во рамки на вежбата КФОР 27 која се спроведува на АП „ Криволак “ и е подготовка за најголемата воена вежба „ Одлучен удар 21 “ која се планира да биде изведена следната година на АП „ Криволак “.
Покрај вежбовните активности од цивилно воената соработка  ќе бидат спроведени и донации на заштитни средства и маски за граѓаните на општина Неготино за справување со пандемијата од Ковид 19.