ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино подготвена за безбеден престој на дечињата PDF Print
There are no translations available.

Детската градинка „ Фемо Кулаков “ Неготино е подготвена за безбеден пречек и престој на дечињата од нашата општина. Од 9 септември започнува новата воспитно – образовна година за вкупно по протокол 292 дечиња поделени во 21 група во двата објекти ( Мајски Цвет и Пролет ) и во групи во други просторни услови во Криволак, Тремник и Пепелиште.
Извршена е комплетна дезинфекција на сите пет објекти во градот и селата, а реновирани се купатилата и вратите во клонот Пролет. Согласно протоколите од МТСП, од 0 до 2 години ќе се згрижуваат по 6 дечиња во занимална, а од 2 до 6 години по 15 дечиња во занимална.
Безбедноста е наш приоритет и затоа за да ги заштитиме потребно е максимално да се вложиме сите за безбедноста на децата.
Среќен нов почеток !!!