Нови 550 столчиња за градскиот стадион во Неготино PDF Печати
Во завршна фаза е поставувањето на 550 нови столчиња на трибините на градскиот стадион во Неготино.  Овие столчиња се донација од Фудбалската федерација на Македонија, а по поставувањето на истите партерно  ќе се уреди и делот околу трибината. Со ова градскиот стадион во Неготино ќе добие поинаков и поубав изглед со што ќе се подобрат условите за следење на фудбалските натпревари во градот.