Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Неготино, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 20.08.2020 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско - корисна работа


Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа“, проект  “Социјална инклузија на ученици со пречки во развојот преку ангажирање на лични и образовни асистенти”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од

•    6 (шест) месеци(доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги);
•    7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификатза давање на социјални услуги), и
•    9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од
•    6 (шест) месеци(доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги)
•    7 (седум)  месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификатза давање на социјални услуги), и
•    9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)



статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-долгорочно невработени лица(над 12 месеци во евиденција,со предност на невработени лица над 5 години
-млади лица до 29 години
-лица постари од 50 години
-лица корисници на гарантирана минимална помош
-лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
- 8 образовни асистенти – лицето треба да е со високо образование (Филозофски факултет,Филолошки,Природно математички или Педагошки (одделенска настава)

Заинтересираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино во периодот од 20.08.2020 година до 26.08.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Неготино и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Неготино кај лицето Кртева Слободанка, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино  кај лицето Елена Лазова,  Центар за социјална работа Неготино кај лицето Весна Велјанова.