Програма Општинско корисна работа 2020 PDF Печати
   Општина Неготино  отпочна со реализација на Програмата – Општинско – корисна работа 2020 во соработка со Центар за вработување- Неготино и ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа,поддржана од страна на УНДП.Со оваа Програма ќе се ангажираат 8 невработени лица како образовни асистенти на деца со попреченост вклучени во редовниот наставен процес во двете основни и средното училиште во општина Неготино.Целта на овој проект е ангажирање и обезбедување социјална вклученост на лицата кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот,преку работно ангажирање со скратено работно време заради стекнување на одредени вештини,исто така зголемување на понудата на социјалните услуги согласно потребите на населението и помош за жителите на територијата на локалната самоуправа, преку обезбедување на услуги од социјална сфера.