Се санираат последиците од дождовите во општина Неготино PDF Печати
   По обилните дождови кои изминатата недела ја зафатија општина Неготино , деновиве екипи на локалната самоуправа, механизација на ЈП „ Комуналец “ Неготино и фирмата „ Градба Промет “ Кавадарци излегоа на терен и извршија санација на оштетни делови од улици како и чистење на истите.
Имено, санација беше извршена на улица во близина на Градска порта и Урбана заедница 5.1, беше извршено и комплетно чистење на улица 4 Јули, локален пат село Криволак, улици во село Тимјаник, село Пепелиште, а во следните денови ќе се интервенира и на патниот правец Долни Дисан – Горни Дисан.