Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностСе санираат последиците од дождовите во општина Неготино |
There are no translations available. По обилните дождови кои изминатата недела ја зафатија општина Неготино , деновиве екипи на локалната самоуправа, механизација на ЈП „ Комуналец “ Неготино и фирмата „ Градба Промет “ Кавадарци излегоа на терен и извршија санација на оштетни делови од улици како и чистење на истите. Имено, санација беше извршена на улица во близина на Градска порта и Урбана заедница 5.1, беше извршено и комплетно чистење на улица 4 Јули, локален пат село Криволак, улици во село Тимјаник, село Пепелиште, а во следните денови ќе се интервенира и на патниот правец Долни Дисан – Горни Дисан. |