СЕ ЧИСТАТ РЕЧНИТЕ КОРИТА ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

    Врз основа на усвоениот Акционен план на Владата на РМ за 2011-та година, а во организација на локалната самоуправа и Центарот за управување со кризи, на подрачјето на општина Неготино започнаа активностите за расчистување на одделни речни корита со цел за обезбедување непречено одводнување на поројните атмосферски води. Работите најпрво се изведуваат во Индустриската зона каде што се врши чистење на поројот од наноси и вегетација од шамак во должина од околу 400 метри, со што се верува дека ќе се избегне евентуалното нанесување штети на постоечките стопански капацитети. Согласно планираните активности, предвидено е сечење на вегетацијата и извлекување на истата, машински ископ и расчистување на наноси и  ниска вегетација, исфрлање на комунален и градежен отпад, како и проширување и продлабочување на речните кроита.
Активностите продолжуваат на речните корита Брестов дол во должина од 500 метри, Дисанска река во атарот на селото – 1.000 метри, Тремничка река – 2.500 и на локалитетот Мушанци во должина од околу 2.000 метри.