НА ПРОДАЖБА 21 ЛОКАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ВИНАРИИ PDF Print
There are no translations available.

   Како што беше и најавено, а по неопходното расчистување на локациите и нивна подготовка за старт на работите, Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено  земјиште сопственост на државата за изградба на винарии, по пат на јавно наддавање. Станува збор за вкупно 41 локација кои се наоѓаат долж ,, Винскиот пат ,, во три општини од Тиквешијата, а целта е привлекување што поголем број домашни и странски инвестиции, како и отворање на нови работни места. Со изградбата на новите винарии на овие локации,ќе се создадат и услови за збогатување на туристичката понуда во овој регион. Она што е најважно за општина Неготино е податокот дека најголемиот број парцели, вкупно 21, се наоѓаат на подрачјето на неготинска општина, тие се со површина од 1.520 до 5.910 метри квадратни и ќе бидат предмет на јавно наддавање.

     Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен со предходно доставена пријава за учество во наддавањето за определеното земјиште, а јавното наддавање за купување на локациите за изградба на винарии на подрачјето на општина Неготино е закажано за 8-ми ноември. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски и од Министерството за земјоделие, се планира и во наредниот период да се распишат нови објави за отуѓување на локации наменети  за изградба на винарии.