Старата училишна зграда во село Вешје прераснува во едукативен и туристички Апи центар за развој на пчеларството PDF Печати

   Во тек е реконструкција и адаптација на старото училиште во село Вешје чиј изведувач е фирмата Евро Инжинеринг ДООЕЛ Велес и изградба на пристапни патеки до поставена урбана опрема во пчелниот парк во село Вешје чиј изведувач е фирмата Градба Промет ДОО Кавадарци.
Со ова се очекува објектот да прерасне во современ – едукативен и туристички Апи центар за развој на пчеларството, со што преку едукативни активности ќе се овозможи промоција на локалните производи во Неготино.
Надзор на проектот е фирмата Геинг Кребс Унд Кифер Интернешнл и други ДОО Скопје, а градежните активности се во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност ПЛРК – пот проект Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината.