Oдбележани 19 години од загинувањето на Косте Волканоски PDF Печати
   Со положување на свежо цвеќе на спомен бистата поставена пред Полициската станица во Неготино, членови на семејството Волканоски, градоначалникот Тони Делков, припадници на АРМ, претставници на ОВР Неготино, Синдикатот на МВР  и други делегации, денес ја одбележаа 19 годишнината од загинувањето на бранителот Косте Волканоски кој својот живот трагично го загуби на 25 јуни 2001 година во воениот конфликт на Попова Шапка.
Во рамки на одбележувањето на годишнината од загинувањето на Волканоски, полицискиот синдикат наместо традиционалниот турнир во фудбал кој 13 години по ред се организираше, годинава организираше меморијална велосипедска тура од Полициска станица Неготино до центарот на општина Градско и назад.