ИЗЛОЖБА ,, 50 ГОДИНИ МИРОВЕН КОРПУС НА САД ,, PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на локалната самоуправа и претставници на Мировниот корпус на САД кои во изминатиот период со својот несебичен ангажман имаат дадено придонес во развојот на земјата и заедниците, во Туристичкиот инфо-центар во Неготино се одржа изложба по повод големиот јубулеј – 50 години од постоењето на Мировниот корпус и негово 15 годишно присуство во Македонија. Како што истакна заменик-директорот на МК Мајкл Радман изложбата претставува спој на работите што ги поврзуваат членовите на корпусот и граѓаните на Македонија, а изложените фотографии на своевиден начин ја прикажуваат суштината на работата на Мировниот корпус.

    Соработката на општина Неготино со Мировниот корпус ја остваруваме полни 10 години, што значи дека и ние како локална самоуправа прославуваме мал јубилеј – истакна во своето обраќање градоначалникот Пане Трајков додавајќо дека тие со своето делување во потполност ја оствариле мисијата за промоција на мирот и на пријателството. Во рамките на соработката, потенцираше Трајков, во изминатите 10 години бројни семејства од Неготино беа домаќини на голем број Американски волонтери кои првите 3 месеци во Македонија ги минуваа во тренинг и адаптација на новите услови за живеење.