Превентивна дезинсекција во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Согласно годишната програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести и оперативниот план за дезинфекција, дезинсекција и дератизација на општина Неготино за 2020 година на 12 јуни( петок ) почнувајќи од полноќ се изврши превентивна дезинсекција на критични точки.
Дезинсекцијата со машинско распрскување на препаратот Aква – котрин ја изврши фирмата Зотокс ДООЕЛ Скопје под надзор на Центар за јавно здравје Велес.
Со прскање беа опфатени повеќе локации во општината и тоа : кејот на Тимјаничка река, Брестин дол, Маренски порој, потегот од Криволак до железничка станица, сите населени места како и повеќе улици на град Неготино.