Преку добро поставени училишта до подобра иднина на нашиот град PDF Print
There are no translations available.

   Двете основни училишта „ Гоце Делчев “ и „ Страшо Пинџур “ од Неготино се меѓу најдобрите 39 основни и средни училишта, кои со свои проекти земаа учество и се наградени во рамки на јавниот повик „ Предизвик за млади истражувачи 3“  кој Фондот за иновации и технолошки развој го спроведе во соработка со Министерството за образование и наука.
Под мотото „ Не го фрлај твојот отпад “ , основното училиште „ Страшо Пинџур “ го освои првото место и е наградено , а меѓу 39 наградени училишта е и основното училиште „ Гоце Делчев “ за проектот „ Џубокс машина за селектирање на отпад “.
„ Чест и задоволство ми е што и во вакви услови, креативноста и мотивираноста на нашите ученици и ментори за постигнување на нови успеси е на високо ниво, бидејќи токму учениците односно младите луѓе се перспективата на нашиот град.  Вашите успеси се наша голема радост, а наша цел е да вложуваме во истите и да Ве поддржуваме “ – истакна градоначалникот Тони Делков.