Увид на завршните градежни активности на СРЦ „ Младост “ PDF Печати
   Директорот на агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и градоначалникот Тони Делков денес извршија увид на завршните градежни активности на СРЦ „ Младост “.Реконструкцијата на салата чинеше 10.769.902,00 денари, средства обезбедени од Агенцијата за млади и спорт. Целосно реконструирана е кровната површина, направена е целосна замена на стариот со нов под, а реконструиран е и просторот под трибините кои не беа во функција.
  „ Драго ми е што во оваа сала Неготинчани повторно ќе можат да ги ребрендираат своите спортски клубови кои ите како се гордост. Токму во оваа сала се случуваа големи спортски натпревари кои беа обележје на градот но и на државава и верувам дека повторно токму во оваа сала ќе следиме големи натпревари и заеднички ќе се радуваме. Исто така, голема благодарност до општина Неготино за партнерското реконструирање на оваа сала “ – изјави Каевски.
Во втората фаза која следи ќе се реконструираат тоалетите, соблекувалните, трибината, прозорците и надворешната фасада. Оваа фаза ќе биде финансирана од буџетот на општина Неготино во вредност од 4.500.000 денари – истакна градоначалникот Делков.
Спортската сала, повторно е функционална и комплетно опремена според сите современи стандарди и истата ќе биде епицентарот на спортските случувања од овој регион, но и место за спорт и рекреација на сите млади од општината.
Оваа сала чија реконструкција беше изведена за само 4 месеци, повторно ќе блесне во својот сјај и ќе даде нова вредност на спортот во Неготино.