ВО СС,, МЛАДОСТ ,, СЕ ОДРЖА ТУРНИР ВО МЕШАНИ БОРБИ PDF Print
There are no translations available.

   Можеби во пософистицирана форма, но сепак, традицијата на организирање на одредени видови борби за време одржувањето на Неготинскиот панаѓур, на голема врата се врати во нашиот град.Ако во минатото, борбите на пеливаните кои  беа синоним за атракција и привлекување посетители од сите краеви на Македонија, денеска вниманието на дел од јавноста го привлекуваат млади мускулести момчиња кои во рингот ги покажуваа научените борбени вештини. Доказ дека овие борби стекнуваат се поголем број приврзаници говори повеќе од илјадната публика која буквално до последно место ја исполни спортската сала Младост за време одржувањето на првото шоу во мешани борби во Македонија.

    За најуспешните учесници на првото шоу во мешани борби организаторите обезбедија и им доделија пригодни награди, а според нивните зборови, масовната посетеност на настанот и огромниот инетерс за негово проследување, претставува стимул во иднина оваа манифестација да стане традиционална и редовно секоја година да се одржува за време на Неготинскиот панаѓур.